Давид Де Хеа, кој го напушти Манчестер Јунајтед, може да прејде во Пари Сен Жермен. Шпанецот е слободен играч откако му истече договорот со „црвените ѓаволи“ и не беше обновен. Тој е еден од тројцата голмани за кои ПСЖ разговара како опции за засилување на конкуренцијата на голот.

Според информациите на „Л’Екип“, покрај Де Хеа, цел на францускиот гигант се и Кепа Аризабалага од Челси и Хуго Лорис од Тотенхем. Идејата на новиот тренер Луис Енрике е да привлече голман, кој ќе се бори за местото стартер со Џанлуиџи Донарума.

Серхио Рико беше резерва на Донарума минатата сезона, но тој долго време ќе биде надвор од терените по несреќата што ја имаше по пад од коњ.

Прикажи повеќе