Новите корисници на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, наводно ќе треба да платат скромна такса доколку сакаат да ја објават својата содржина.

Познатата социјална мрежа веќе експериментираше со наплата на годишна претплата од 1 долар за корисниците на Филипините и Нов Зеланд кои сакаат да објавуваат содржина и да комуницираат со други корисници на „X“, се со цел да се намали бројот на лажни корисници, т.н. ботови.

За жал, мал надомест за можноста за објавување содржина во случај на нови корисници е единствениот начин за борба против постојаниот напад на ботови. Тековната вештачка интелигенција (и фармите за бот) лесно ги поминуваат проверките од типот „дали си бот““, изјави Илон Маск.

Според новите правила, новите корисници на социјалната мрежа мора да плаќаат „мал годишен надомест“ за да можат да објавуваат содржини, да лајкуваат и да одговараат на други објави. Регистрирањето профил е сè уште бесплатно, како и следењето на другите профили и прегледувањето на содржината на платформата.

Новата политика доаѓа бидејќи „X“ се соочува со критики за неговата неспособност да го спречи напливот од спам профили кои споделуваат линкови, порнографски содржини и фалсификати, пишува „Quartz“.

На почетокот на овој месец, „X“ лансираше бот и трол „чистење“ на системот, иако не е познато колку тоа беше успешно.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.