Познатиот охридски бербер Неат Алим- Шогун организира велигденска акција со бесплатно потстрижување за сите дечиња.

Како што вели на својот Фејсбук профил, акцијата ќе се реализира како за Бајрам, така и за Велигден.

„Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од “Barber shop Shogun”на 28.04.2024 (Недела)во Берберницата “Шогун” да посветиме еден ден за сите деца од Православна вероисповед шишање бесплатно. Деца ве очекуваме….“, напиша тој на својот Фејсбук профил.