Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема може да отвори своја академија во Саудиска Арабија. Ова е еден од условите на предложениот милионски договор со еден од клубовите од оваа земја.

Advertisements

На крајот од актуелната сезона, французинот може да стане слободен агент. Но, во мадридскиот клуб има едно непишано правило, автоматски се продолжува договорот со сопственикот на Златната топка.

Страните продолжуваат со преговорите, а Бензема сака да остане во Реал Мадрид барем уште една сезона. Триесет и петгодишниот французин нема да си оди во Реал до крајот на сезоната 2023/24./MИА

Прикажи повеќе