Фудбалската репрезентација на Швајцарија се соочува со проблеми со повреди во пресрет на клучниот натпревар во групата на Светското првенство.
Неизвесни за настап се две ѕвезди на тимот, голманот Јан Зомер и дефанзивецот Нико Елведи. Тие двајца се меѓу клучните играчи во дефанзивниот дел на Швајцарија, а според информациите се работи за болест која ги оддалечи од денешниот тренинг. Постои можност нивната ситуација да се подобри и тие да се вратат во тимот, меѓутоа засега не е познато дали ќе дојде до такво нешто.
Повреден е и Ноа Окафор, а проблем има и со Џибрил Соу, додека подобрена е ситуацијата со Џердан Шаќири. Сепак, крилото веројатно ќе остане на клупата и тешко дека ќе биде стартер.
Натпреварот меѓу Швајцарија и Србија се игра в петок од 20:00 часот./Gol.mk/