Лионел Меси ја одбил првата понуда на ПСЖ за продолжување на договорот, пишуваат француските медиуми. Аргентинецот не е задоволен од новите финансиски параметри и одбил да го продолжи договорот со парижаните, иако пред СП 2022 двете страни постигнаа начелен договор за најмалку уште една сезона.
Сепак, ПСЖ има проблем со финансискиот фер-плеј на УЕФА. Поради тоа клубот мора да ги намали платите на играчите за повеќе од 30 отсто, па на Меси му понуди нов договор со помала плата од актуелната. Аргентинската ѕвезда не се сложува со таква понуда. Меси оваа сезона заработува 38 милиони евра од ПСЖ./Makfax/