Лионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона. Додека навивачите и играчите на Барселона отворено го повикуваат да се врати на „Ноу Камп“,навивачите на ПСЖ го исвиркуваат и го бркаат од клубот.
ПСЖ му нуди нов договор, но тоа не е гаранција дека aргентинецот ќе остане во Париз.
Трансфер експертот Фабрицио Романо истакнува дека Меси сака да знае кави потези ќе повлечат клупските челници за наредната сезона. Дури потoа ќе донесе одлука.
„Она што го знам е дека ПСЖ веќе има понуда до Меси, а тој чека да донесе одлука врз основа на проектот, тренерот и некои клучни детали. Се е на Меси и неговиот татко Хорхе“, истакнува Романо.