Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, почна со тимски тренинзи. Германскиот репрезентативец ја скрши ногата за време на неговиот одмор по Светското првенство 2022 година во декември и се тврдеше дека неговата сезона е завршена.

Advertisements

Сепак, вчера тренерот на баварците Томас Тухел потврди дека Нојер почнал да тренира со топка, иако сѐ уште не може да одработи интензивни тренинзи.

„Задоволство е да се гледа како се опоравува Ману бидејќи тој напредува секој ден. Тој веќе прави вежби со топка“, изјави Тухел.

Сепак, стручниот штаб на Баерн Минхен нема да ризикува со Нојер и нема да брза со негово враќање во игра./Makfax/

Прикажи повеќе