
Кристијано Роналдо направи интервју со кое предизвика голема полемика и по кое сигурно ќе наиде на проблеми со Манчестер Јунајтед. Португалецот зборуваше и за својот голем ривал Лионел Меси. Тој го опиша aргентинецот како „магичен фудбалер“.
„Меси е магичен. Се натпреваруваме шеснаесет години на највисоко ниво. Никогаш не сме вечерале заедно, зошто да не го направиме тоа во иднина? Би сакал да учам и да споделувам идеи со него. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа, како што направија Пеле и Марадона. Тој е најдобриот против кого сум играл“, изјави португалскиот ас.
Роналдо откри дека ова многу веројатно е негов последен Мундијал, а исто така потврди дека би сакал да замине во пензија на 40 години.