Салцбург го победи Динамо Загреб со 1-0. Аријан Адеми го одигра целиот натпревар, а Стефан Ристовски поради повреда не беше на теренот. Победничкиот гол го постигна Ноа Окафор во 71. минута од пенал.

Германскиот бундеслигаш Лајпциг го оствари првиот триумф во Лигата на шампионите откако го совлада Селтик со 3-1. По двата стартни порази, сега Лајпциг се враќа во игра за второто место во групата Ф.

Кристофер Нкунку во 27. минута донесе предност за Лајпциг, а израмни Жота во 50. минута. Сепак, Андре Силва не дозволи бодовите да заминат од Германија и со два гола во второто полувреме донесе победа од 3-1.

Прикажи повеќе