Карим Бензема носи главоболка за Дидие Дешамп, во пресрет на Светското првенство во Катар. Првиот напаѓач на Франција се повлече од последниот тренинг по само петнаесет минути. Тоа е потврда за проблемите со кои се соочува искусниот голгетер.
Неодамна играчот на Реал Мадрид најави дека ќе биде подготвен за првиот меч. Светскиот првак ќе го отвори Мундијалот на 22 ноември со дуел против Австралија. Кристофер Нкунку се повреди на последниот тренин, што е дополнителен проблем за „триколорите“.