Карим Бензема, нема да игра на Мундијалот во Катар кој почнува денеска поради скинат квадрицепс. По првичниот шок од веста, тој преку социјалните мрежи им се обрати на фановите на „галските петли“, но и на целата спортска јавност.

Advertisements

„Никогаш во мојот живот не сум се откажал од нешто, но сега морам да мислам на тимот, нешто што сум го правел секогаш. Морам да го препуштам моето место на некој кој може да му помогне на тимот за добар настап на Светско првенство. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка. Напред сини“, порача Карим.

Бензема минатата сезона постигна 46 гола на 46 меча. Франција сега ќе биде значително ослабена во обидот да ја одбрани светската титула. Неколку дена пред почетокот на Мундијалот се повреди и Кристофер Нкунку, а Дидие Дешамп не може да смета на уште неколку важни играчи како Н’Голо Канте, Пол Погба и Преснел Кимпембе.

Прикажи повеќе