Најдобриот фудбалер за 2022 година, Карим Бензема реши да се повлече од националниот тим со порака преку неговиот официјален профил на Инстаграм.

Advertisements

Иако Бензема можеше да биде дел од финалето против Аргентина, сепак постојат некои проблеми меѓу него и селекторот Дидие Дешан, па поради тоа напаѓачот реши да не им се приклучи на сонародниците, а денеска испрати порака која само ги потврдува шпекулациите.

„Се потрудив да ги поправам своите грешки за да бидам тука каде што сум денес и горд сум на тоа. Ја напишав мојата приказна, а нашата завршува тука“, вели Бензема./Sport1/

Прикажи повеќе