Баерн Минхен го смета Александар Нубел за можен наследник на Мануел Нојер. Фудбалерот во сопственост на Баерн моментално е на позајмица во Монако од Лига 1, со кого потпиша до јуни 2023 година.
Нојер во март полни 37 години и се чини дека голманот е веќе во последните години од кариерата, па Баварците размислуваат за наследникот.
Нубел има 26 години, а Германецот е под договор со Баерн до летото 2025 година, а следните две сезони потенцијално ќе послужат како тест за младиот голман да заработи стартна улога во актуелниот германски шампион.