Лионел Меси ја покажа својата фудбалска генијалност и на дуелот со Бенфика, постигнувајќи прекрасен погодок за ПСЖ на ремито од 1-1 на гостувањето во Португалија.
Овој погодок го искачи Меси на уште еден пиедестал, како прв фудбалер кој постигнал голови против 40 различни ривали во Лигата на Шампионите. Најмногу има постигнато против Арсенал (9), потоа по осум против Милан и Селтик, а покрај Бенфика, Меси има дадено по еден гол и на Ференцварош, Спортинг Лисабон, Вердер, Славија Прага, Олимпијакос, Наполи, Глазгов ренџерс, Ференцварош, Борусија Менхенгладбах…
Само за споредба, Кристијано Роналдо има стрелано прецизно против 38 различни екипи во ЛШ, Карим Бензема против 34, додека Роберт Левандовски има постигнато погодоци против 31 различна екипа во елитното европско натпреварување.