Интер Мајами на крилата на Лионел Меси дојде до втората победа во Лига купот на Северна и Централна Америка. По Круз Азул (2:1), Мајами ја совлада Атланта Јунајтед со убедливи 4:0 и се пласираше во елиминациската фаза.

Атланта подобро влезе во натпреварот и на самото отворање создаде неколку опасни ситуации пред голот на Интер, но набрзо Меси ги презеде работите во свои раце и со два брзи гола го разби ривалот. Аргентинецот првиот гол го постигна во осмата минута, кој излезе сам пред голот, откако ја погоди стативата, одбиената топка ја смести во мрежата.

Вториот гол Лео го постигна во 22. минута. Тејлор го проигра Меси, кој лесно ја заврши работата за 2:0. Тејлор беше стрелец на останатите два гола. Головит на овој меч имаат посебна вредност за Меси, тој ги постигна против јубилејниот 100-ти клуб откако игра сениорски фудбал. Така 100 различни клубови беа беспомошни во судир со еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот./Sportmedia.mk/

Прикажи повеќе