Според „АС“, Кристијано Роналдо нема да се врати во Реал Мадрид, Португалскиот ас минатата недела го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и сега е слободен агент во потрага по нов клуб.

Advertisements

„Враќањето на Роналдо не се размислувало и нема да се случи. Реал нѐ уверува дека треба да уживаме во спомените од периодот на Роналдо и дека неговото доведување не би имало смисла во спортски проект“, пишува „АС“.

Роналдо беше поврзуван со Реал Мадрид, клубот за кој настапуваше од 2009 до 2018 година и постигна 450 гола, откако Карим Бензема се повреди, но францускиот напаѓач би требало да биде фит за вториот дел од сезоната.

Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Њукасл, клуб со најбогатите сопственици во светот, а го посакува и Интер Мајами на Дејвид Бекам.

Прикажи повеќе