На Меѓународниот ден за борба против корупцијата се очекува Вашингтон да ја прошири црната листа со функционери од регионот на Западен Балкан. Според пишувањата на дел од медиумите, на проширената црна листа на Стејт департментот би се нашле имиња на лица од политички структури, но и од правосудниот сектор од регионов. Од Антикорупциската комисија не исклучуваат на оваа листа да се најдат и функционери од земјава.

Advertisements

„Сите лаги или било што им сервираат дека „еве ние се бориме против корупцијата“, а и погрешни информации им даваат, сега дојдени се да слушнат со свои уши и со свои очи да видат каде се парите. // Мислам дека сега, денеска треба Американците да објават извештај дали ќе се проширува листата, црната листа и треба да видиме дали има навистина некој од Македонија“, рече Горан Трпеноски – член на ДКСК.

Прикажи повеќе