Светската Ракометна Федерација (ИХФ) го објави идеалниот тим на Мундијалот кој во изминатиов период се играше во Шведска и Полска.

Во идеалната седумка на турнирот има место за двајца французи, двајца шпанци и по еден играч од шампионот Данска, Германија и Шведска.

Данецот Матијас Гидсел освен што е најдобар стрелец на СП, тој воедно е избран и за најкорисен играч (МВП), додека пак признанието за најквалитетен млад играч замина во рацете на Јури Кнор (Германија)./Derbi/

Ол-стар тим:

Лево крило – Анхел Фернандез (Шпанија)
Лев бек – Симон Питлик (Данска)
Среден бек – Недим Ремили (Франција)
Круже напаѓач – Лудовик Фабрегас (Франција)
Десен бек – Алекс Душебаев (Шпанија)

Десен бек – Никлас Екберг (Шведска)
Голман – Андреас Волф (Германија)

Најдобар млад играч – Јури Кнор (Германија)
Најдобар стрелец – Матијас Гидсел (Данска) – 60 гола

Прикажи повеќе