Барселона ќе мора значително да го намали буџетот за новата сезона, за да не дојде до проблеми со финансискиот фер-плеј.  Каталонците ќе треба да го смалат буџетот за неверојатни 200 милиони евра.

За такво нешто ќе мора да се ослободи од некои играчи со огромни плати. Први на листата за трансфер веројатно се Френки Де Јонг и Ансу Фати.

Барселона ќе мора да се ослободи од доста играчи доколку сака да продолжи да го засилува тимот на Чави Хернандез. Пред заминување е Серхио Бускетс, додека можеби од клубот ќе си заминат и Алба, Кеси, Роберто, Дембеле….

Прикажи повеќе