Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, ја отфрли можноста за трансфер во Пари Сен Жермен. Одличниот англиски стрелец е цел на најсилните европски клубови, но ПСЖ нема да биде клубот каде што тој ќе ја продолжи кариерата доколку замине од Тотенхем.

Доколку го напушти Лондон, Хари Кејн ќе замине во Минхен. Тој е во сериозни преговори со Баерн, чии две понуди за него Тотенхем веќе ги одби.

Последната понуда наводно изнесувала 80 милиони евра. Тотенхем за него бара најмалку 100 милиони евра.

Прикажи повеќе