Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ќе биде опкружен со ѕвезди од Премиерлигата во новата сезона во Саудиска Арабија. Од вчера нов шеф на стручниот штаб на Ал Етифак е англиската легенда Стивен Џерард, а многу брзо на тимот треба да му се приклучи и Фелипе Кутињо Џерард и Кутињо соработуваа во Астон Вила, па тој сака да го има и во составот на Ал Етифак.

Кутињо е поранешна ѕвезда на Ливерпул и на Барселона. Неговиот трансфер од „Енфилд роуд“ во каталонскиот гигант во 2017 година беше од најголемите во историјата на фудбалот

Прикажи повеќе