Арапите, после Кристијано Роналдо планираат да донесат уште 50 други звучни имиња за да го популаризираат овој спорт. Според „ЕСПН“, од каде велат дека Саудијците се подготвени на се за да го подигнат квалитетот на лигата и да станат една од најпривлечните дестинации во светот.

Advertisements

По Роналдо, се објави дека Ал-Хилал го сака Лео Меси во тимот, но тоа не е се. Иако Аргентинецот ја одби понудата од 400 милиони евра по сезона затоа што ја преферира Европа, Саудијците до крајот ќе го убедуваат да дојде во земјата.

Воедно, се размислува и на 50 играчи од „топ пет“ лигите во Европа. Засега, предвид доаѓаат спортисти на кои им истекува договорот, а меѓу нив се Роберто Фирмино од Ливерпул, Илкај Гундоган од Манчестер Сити, Адама Траоре од Вулверхемптон, Карим Бензема од Реал Мадрид, Един Џеко од Интер…

Челниците на клубовите од Саудиска Арабија ќе се обидат да го искористат моментот во европските клубови каде се крати на плати и на буџети. Целта не е да се биде како кинескиот шампионат, туку на овој проект се гледа на долги патеки.

Саудиска Арабија цели да биде домаќин на Светското првенство (СП) во 2030 година и овој проект е дел од таа шема.

Прикажи повеќе