Реал Мадрид изненадувачки е подготвен да прифати понуда од 90 милиони евра за услугите на Федерико Валверде. Иако изгледаше дека уругвајскиот играч за врска е незаменлив во таборот на „кралевите“, сепак веројатно не е така.

Ливерпул е силно заинтересиран за Уругваецот, подготвен е да плати 90 милиони, а според најавите на шпанскиот „Ел Насионал“, Реал би прифатил. Валверде ги собра симпатиите на навивачите, меѓутоа и на тренерот Анчелоти, пред сè бидејќи може да одговори на повеќе позиции на теренот. Сепак, клубот од Мадрид веќе сериозно ја засили средината и некои фудбалери се прекубројни.

Поради висината на понудата, наводно Флорентино Перез е подготвен да прифати и да го продаде Валверде. Засега преговорите се во почетна фаза, меѓутоа Реал мора да прави простор во тимот откако доведе неколку млади фудбалери за врска. Иако Валверде може уште многу да даде за клубот, не би изненадило доколку замине со цел да се наполни клупската каса.

Прикажи повеќе