Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе го купи Моисес Каиседо. „Црвените“ ќе го урнат клупскиот рекорд, а рекордот на Премиер-лигата и ќе платат 110 милиони фунти на Брајтон за да го добијат еквадорскиот интернационалец.

Откако не успеаја да се договорат со Саутемптон за Ромео Лавија и проценија дека 50 милиони фунти се премногу за младиот и талентиран играч на овој клуб, Јирген Клоп и соработниците се насочија кон Каиседо. За него беше заинтересиран и Челси, но понуди најмногу 90 милиони фунти.

Ливерпул не сака да ризикува непосредно пред почетокот на сезоната и ќе плати 110 милиони фунти за да ги задоволи финансиските апетити на Брајтон.

Прикажи повеќе