Кајл Вокер нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити, туку кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен, тврди „Скај Спорт“. Тој постигна вербален договор со германскиот првак.

Десниот бек има договор со Манчестер Сити за следната сезона, а се верува дека неговиот трансфер во Минхен би можел да вреди околу 17 милиони евра.

Кајл Вокер веќе ги договорил условите за преселба на „Алијанц арена“ и ќе потпише договор за две сезони, со опција за уште една допонителна година престој во Минхен.

Прикажи повеќе