Барселона го победи Реал Мадрид со 3:0 во пријателскиот натпревар одигран синоќа во Далас. Головите за Каталонците ги постигнаа Осман Дембеле, Фермин Лопез и Феран Торес.

Винисиус Жуниор промаши пенал за Реал, а „кралевите“ вкупно петпати ги погодија дирекот или гредата од противничкиот гол.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, призна дека резултатот сепак не дава реална слика за случувањата на натпреварот.

„Играта беше израмнета. Резултатот залажува, исходот можеше да биде поинаков. Се случи сѐ, од периодите во кои требаше да бидеме трпеливи до оние кога имавме посед. Не одигравме лошо, среќни сме со резултатот. „Ел Класико“ никогаш не е пријателски натпревар“, изјави Чави.

Прикажи повеќе