Најскапиот фудбалер во историјата на Барселона, французинот Oсманe Дембеле, ја одбил профитабилната понуда од 100 милиони евра, која му ја даде саудискиот клуб Ал-Хилал. Тој јасно ставил до знаење дека сака да игра само за еден клуб – ПСЖ.

Дембеле деновиве беше во Париз каде се надеваше дека ќе потпише договор и трансфер од Барселона за 50 милиони евра, но тоа не се случи. Со денови чекаше Барселона и ПСЖ да се договорат, но Барселона ги игнорираше французите.

Дембеле на крајот мораше да се врати во Барселона и повторно да се приклучи на тимот, а таму го пречекаа навивачи пред тренинг кампот. Го поздравија, но иронично. Сепак, преговорите меѓу ПСЖ и Барселона сѐ уште се во тек и се очекува трансферот на крајот да биде реализиран.

Прикажи повеќе