Викторија Азаренка загуби од Ана Калинскаја, која е 70. тенисерка на ВТА листата со 6:4, 7:6. Калинскаја на тој начин се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Чарлстон.
Таму ќе се сретне со Онс Жабер. Тунижанката ја сопре Американката Каролин Долхајд во два сета 6:3, 7:5.

Advertisements

Првата носителка на турнирот, Џесика Пегула, со многу мака успеа да напредува. Таа со 2:1 во сетови славеше против Ирина Бегу, која во претходното коло ја победи Софија Кенин и одигра одлично против уште една aмериканка.

Првиот сет Пегула го доби со 7:5, но Романката возврати во вториот 6:4. Во третиот Бегу имаше брејк предност и водство од 4:2 во гемови. Сепак, третата тенисерка на светот успеа да врзе четири гема и да слави на крајот. Во четвртфиналето ја чека шпанката Бадоса која убедливо со 6:1, 6:3 ја совлада русинката Шнаидер.

Прикажи повеќе