Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти веројатно ќе биде казнет поради затајување на данок, тврди „Марка“, повикувајќи се на „Ел Мундо“. Италијанскиот тренер наводно затаил 400.000 евра во минатото водење на Реал Мадрид. Истрагата ја спроведе судијката Мариа Инмакулада Лова која во вторникот ја заклучи истрагата.

„Утврдено е дека Карло Анчелоти прикрил приходи од права на имиџ, остварени во првата година под улога на тренер на Реал Мадрид“, стои во текстот на „Ел Мундо“.

Останува да се види каква казна ќе добие тренерот на „кралевите“ кој наводно веќе се огласувал на оваа тема пред 10 години откако е првпат поврзуван со измама кон државата. Анчелоти во 2021 година призна дека има одговорност за измамата во 2014 година, тврдејќи дека до него биле лица кои лошо го советувале. Во 2015 година се случило исто сценарио, а италијанецот се бранеше со тоа дека не минал доволно долго во Шпанија за да мора да плати данок. Наскоро ќе се одржи последното рочиште на кое ќе се одреди казната на Анчелоти.

Прикажи повеќе