Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, наводно побарал дозвола од раководството на францускиот шампион да ги напушти „светците“ и да се врати во Барселона, а според медиумите интерес за него покажале Челзи и неименуван клуб од Саудиска Арабија. „Футмеркато“ тврди дека бразилскиот репрезентативец добил понуда од Саудиска Арабија со плата меѓу 300 и 400 милиони евра.
Во исто време, „РМЦ Спорт“, пренесува дека менаџерите на Нејмар се во преговори со Челзи. Новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике сака Нејмар да остане во Париз, но бразилецот наводно е решен да го напушти клубот. Враќањето во Барселона е приоритет, но таа опција не е возможна бидејќи Чави не ја поддржува идејата.
За потпис на ѕвездата на ПСЖ е заинтересиран и еден од бразилските клубови, но Нејмар се уште не сака да се врати во татковината. Во меѓувреме, таткото на фудбалерот на францускиот тим ги демантираше информациите на „Лекип“.
„Не можам да ја потврдам веста што не се случи. Лекип е Л’фејк“, изјави таткото на Нејмар.
31 годишниот фудбалер дојде во ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра, а минатата сезона на 20 натпревари во Лига 1 постигна 20 гола и забележа 11 асистенции.