По освојувањето на Светското првенство со Аргентина, Лионел Меси сега може да се гордее и со своите лични достигнувања во ова натпреварување.

Advertisements

Аргентинецот станува првиот играч кој постигнал гол во сите фази на Светското првенство. „Ла Пулга“ постигна голови во групната фаза, во 1/8, во четвртфиналето, во полуфиналето и во финалето.

Иако не успеа да дојде до „Златната копачка“, седумкратниот освојувач на „Златната топка“,  остави белег во сериозно натпреварување како ова СП, преземајќи ја судбината на цела репрезентација.

Прикажи повеќе