Откако 15 години играше против Лионел Меси, Серхио Рамос изненади со интервјуто за ТВ ПСЖ. Рамос и Меси се соиграчи од минатата сезона. Шпанецот изјави дека Меси е „најдобриот играч што фудбалот некогаш го произвел“.
Рамос со години играше против Меси како дефанзивец на Реал Мадрид, го делеше најголемото фудбалско ривалство во светот, она на Реал и Барселона, но и на Роналдо и Меси. Тие ја делат соблекувалната од 2021 година, а тој период очигледно беше доволен за да го поттикне Рамос да изјави дека Меси е сепак подобар играч од неговиот голем пријател Роналдо.
„Со години страдав играјќи против Меси. Сега конечно уживам во неговите игри. Тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот”, изјави Рамос.