Реал Мадрид, актуелниот шпански и европски шампион, во 2023 година ќе се ослободи од најмалку четворица фудбалери. Марко Асенсио, Дани Себалјос, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз си заминуваат од „Сантијаго Беранбеу“.

Advertisements

Асенсио оваа сезона во шпанската лига одигра само 178 минути. На 26 години повеќе не сака да седи на клупата. Неговиот договор трае до крајот на сезоната, па веќе од 1 јануари може да преговара со заинтересираните клубови.

И Себалјос и Маријано Дијаз имаат договори до крајот на сезоната. Во втор план е и Себалјос, кој исто така има 26 години, а неговите минути се слични на оние на Асенсио. Пред четири години Реал го врати Дијаз од Лион за 21,5 милиони евра, а оваа сезона 29-годишниот напаѓач одигра само 25 минути, па двете страни решија дека е време да се разделат.

Последен на списокот е Одриозола, 27-годишниот дефанзивец кој сезонава е без минутажа. Договорот има уште година и пол, а Реал би го продал за 5 милиони евра.

На лето истекуваат и договорите на Лука Модриќ, Карим Бензема, Тони Крос и Начо Фернандез, но Реал би сакал да ги задржи четворицата и следната сезона, тврди „Мундо Депортиво“./Makfax.mk/