Реал Мадрид се наоѓа во лоша форма и тоа предизвика загриженост кај претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој размислува да му даде отказ на Карло Анчелоти.

Перез наводно има три опции за нов тренер на „кралевите“, а тоа се Маурицио Покетино, Томас Тухел и Раул Гонзалес, кои се заинтересирани за „жешкото“ столче во Мадрид.

Покетино долго време чека понуда од вистински клуб, откако доби отказ од ПСЖ, а во моментов слободен тренер е и Тухел по заминувањето од Челси, додека Раул го предводи резервниот тим на шпанскиот гигант, Кастилја./Sport1.mk/

Прикажи повеќе