Со американски борбен авион Ф-16 денеска е соборен третиот по ред неидентификуван летечки објект кој се појавува во северноамериканскиот воздушен простор изминатава недела.
Објектот е соборен во близина на езетото Хјурон.
Пентагон потврди дека соборил летечки објект, притоа додавајќи дека тој не е оценет како воена закана, но дека се перцепира како закана поради неговите потенцијални способности за надзор.
„Нашиот тим сега ќе работи на опоравување на објектот во обид да дознае повеќе“, се вели во соопштението на Пентагон.
Пентагон, исто така, рече дека објектот бил истиот што радарот го забележал во саботата над сојузната држава Монтана, што предизвика краткотрајно затворање на воздушниот простор.
„Северноамериканската команда за воздушна одбрана го откри објектот во неделата наутро и одржуваше визуелно и радарско следење. Врз основа на неговата патека на летот и податоците, можеме разумно да го поврземе овој објект со радарскиот сигнал фатен над Монтана“, се вели во соопштението.
Во неделата, американската Управа за цивилно воздухопловство (ФАА) соопшти дека накратко е затворен дел од воздушниот простор над езерото Мичиген поради активности на Министерството за одбрана, но потоа е повторно отворен.