Манчестер Јунајтед е во добра форма, откако ја заврши успешно 2022 година и со победа ја почна новата година, додека сега фокусот е и на јануарскиот пазар. Клубот размислува за нови промени во голот, додека англиските медиуми јавуваат за операција која многу брзо може да биде затворена. Станува збор за голманот на Кристал Палас, Џек Батланд, кој не е задоволен кај „орлите“, бидејќи во последните две сезони играше само 10 натпревари во Премиер Лигата.

Advertisements

29-годишниот голман се гледа како идеална замена за Дубравка, за кого завршува позајмицата и сега тренерот Тен Хаг бара алтернатива како замена за шпанецот Давид де Хеа.

Желбата на англичаните беше голманот на Борусија Миншенгладба, Јан Зомер, но во моментов тоа е невозможна мисија, бидејќи Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за него, а Јунајтед се повлече од трката за швајцарскиот голман.

Прикажи повеќе