Германскиот првак Баерн Минхен не сака да направи грешка како минатата сезона и да остане без класичен напаѓач, иако во таква улога беше Ерик-Максим Чупо-Мотинг. Сепак, на инсистирање на Томас Тухел, раководството на баварскиот клуб тргнува сериозно во ангажман на Хари Кејн.

Тухел лично имал разговори со Кејн и го убедил дека Баерн Минхен е вистинскиот клуб за него, да ги оствари своите желби за освојување на трофеи во кариерата. Тие двајца лесно успеале да најдат заеднички јазик и околу финансиските услови за фудбалерот.

Сега останува потешкиот дел од работата, да се договорат двата клуба околу отштетата. Баерн Минхен испрати првична понуда од 70 милиони евра која беше експресно одбиена. Тотенхем сака најмалку 110 милиони евра за Хари Кејн, иако тој влегува во последната година од договорот со клубот од Лондон.

Прикажи повеќе