Германската комисија за вакцини – СТИКО, вчера препорача луѓето под 60-годишна возраст кои се вакцинирале со првата доза на вакцината на АстраЗенека, да добијат втора доза од некоја од другите вакцини, објави Ројтерс.
Претходно во текот на неделата, Германија објави дека само на луѓе на возраст постари 60 години може да се даде вакцината на АстраЗенека поради ретката, но сериозна појава на тромбоемболиски несакани ефекти. Во неа се вели дека подоцна ќе даде посебна препорака за помладите луѓе кои веќе добиле првa доза.
– Advertisement –