Сите понекогаш влегуваат во расправија, но според астролозите, два хороскопски знаци особено се издвојуваат по тоа што тешко премолчуваат кога нешто не им се допаѓа.
Овен
Овните се директни, импулсивни и секогаш го кажуваат тоа што го мислат. Ако нешто им пречи, ќе реагираат веднаш и ќе го бранат својот став, без разлика колку ќе трае расправата. Сепак, иако брзо се налутуваат, исто така брзо се смируваат и ретко долго паметат навреди.
Близнаци
Близнаците уживаат во размена на мислења и интелектуални дебати. Често поставуваат прашања, ги преиспитуваат туѓите ставови и бараат слабости во аргументите. Поради нивната духовитост и брзо размислување, понекогаш несвесно започнуваат расправи, иако тоа не им била првична намера.
Текстот Два хороскопски знаци кои секогаш наоѓаат причина за расправија е превземен од МАКФАКС.














