Додека некои луѓе тешко го замислуваат животот без партнер, други одлично се чувствуваат и кога се сами. Според астролозите, четири хороскопски знаци особено ја ценат својата независност и не ја врзуваат среќата исклучиво со љубовниот статус.
Водолија ја сака слободата и можноста сама да одлучува за својот живот. Во врска влегува само ако партнерот ја почитува нејзината независност.
Стрелецот ужива во патувања, авантури и нови искуства. Не го доживува самечкиот живот како нешто негативно и сака партнер што ќе го разбере неговиот слободен дух.
Девицата е самостојна и има високи критериуми при изборот на партнер. Повеќе сака да биде сама отколку во врска што не ја исполнува.
Јарецот е фокусиран на кариерата, образованието и личниот развој. Љубовта му е важна, но не чувствува потреба по секоја цена да биде во врска и е задоволен со сопствениот начин на живот сè додека не ја пронајде вистинската личност.
Текстот За нив самотијата не е проблем: четири знаци што најлесно живеат без партнер е превземен од МАКФАКС.














