Американската актерка Ања Тејлор-Џој привлече внимание со своето модно издание за време на промоцијата на новата серија „Lucky“ во Њујорк.

Ѕвездата на „Дамин гамбит“ се појави во виолетов градник во стил на топ, преку кој носеше зелен кардиган, комбиниран со портокалово здолниште со шарен дезен и жолти чевли со високи потпетици.

Нејзиниот стајлинг предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, каде обожавателите ја пофалија за смелиот моден избор.

Серијата „Lucky“, која почна да се прикажува на Apple TV+ на 15 јули, засега добива поделени критики. Во неа Тејлор-Џој ја толкува Лусијана „Лаки“ Армстронг, измамничка која бега откако грабеж вреден милиони долари тргнува во погрешен правец.

Текстот (Фото) Ања Тејлор-Џој прошета низ Њујорк во градник е превземен од МАКФАКС.