Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ вечерва на „Паркот на принцовите“, од 21 часот ќе го пречека Баерн.
Актуелниот француски шампион во пресметката со баварците влегува со нарушена атмосфера во соблекувалната и лош здравствен билтен. Се уште нема информации дали ќе настапат Килијан Мбапе и Лионел Меси. Француските медиуми најавуваат дека тренерот Кристоф Галтие уште од првата минута ќе му даде шанса на 16. годишниот Ворен Заир-Емери. Ова момче е родено на 8. март 2006 година. Може да покрие неколку позиции во редот за врска.
Оваа сезона веќе има одиграно 14 натпревари за ПСЖ, а на кои постигнал два гола. Во неделата на теренот го мина целиот натпревар против Монако. Заир-Емери е и јуниорски репрезентативец на Франција.