Iran's player line up for the singing of the national anthem ahead of the World Cup group B soccer match between Wales and Iran, at the Ahmad Bin Ali Stadium in Al Rayyan, Qatar, Friday, Nov. 25, 2022. (AP Photo/Pavel Golovkin)

Иранските фудбалери во првото коло на Светското првенство во Катар не ја пееја националната химна пред натпреварот против Англија.

Advertisements

Иранските играчи одбија да ја пејат националната химна како гест на поддршка за демонстрантите во нивната татковина. Сепак, притисокот од иранските власти после тоа беше страшен и фудбалерите попуштија. Пред почетокот на денешниот меч со Велс тие сепак ја пееја националната химна.

Навивачите на Иран плачеа на трибините поради тој потег. Навивачите на Иран на трибините со солзи во очите ја исвиркаа својата национална химна и на тој начин покажаа чин на граѓански отпор кон диктатурата во нивната земја.

За потсетување, Иран е потресен од протести од 16 септември, кога 22- годишната Махса Амини, приведена поради неносење хиџаб што треба правилно да и ја покрива косата, почина во притвор, прекршувајќи го кодексот за облекување во исламската држава. Поради ова, сите 11 ирански фудбалери во првото коло молчејќи ја химната.

Прикажи повеќе