Воените пилоти и сателитите на САД снимиле многу повеќе неидентификувани летечки објекти (НЛО) ширум светот отколку што биле пријавени во јавноста, изјави Џон Ратклиф, поранешен директор на националното разузнавање во администрацијата на Доналд Трамп, пренесува Гардијан.
Во време кога се очекуваат извештаи од Пентагон, ЦИА и други разузнавачки агенции, кои до 1 јуни мора да објават тајни досиеја за блиски средби со НЛО, Ретклиф рече дека извештајот ќе открие невидени случаи забележани низ целиот свет.
– Advertisement –
– Искрено, има повеќе средби со НЛО отколку што и беа најавени на јавноста. Многумина се некласифицирани. Тие биле забележани од пилоти, морнари или биле снимени на сателитски снимки, а нивното однесување е тешко да се објасни. Невообичаено движење, понекогаш побрзо од брзината на звукот и без кршење на звучниот ѕид – рече тој.