Лакот за нокти е краткотраен и често почнува да се крши по само еден ден. Сепак, постојат неколку трикови за да го продолжите животниот век на вашиот домашен маникир.

Постојано миење раце или садови, користење средства за дезинфекција, летото што ни се приближува и носи пливање во море и базен… Нашите раце се постојано во контакт со вода, што исто така го оштетува маникирот.

Токму ова го скратува животниот век на лакот за нокти. Тој почнува да се крши или лупи на врвовите и многу брзо е време за нов лак.

За да го спречите ова, треба да ги исчистите ноктите со ацетон на почетокот, дури и ако немате лак на ноктите, вели Glamour. Ова се прави за да се отстранат сите остатоци од лак, но и природните масла на вашите нокти. Овие масла најчесто се пренесуваат од врвовите на прстите и го спречуваат лакот совршено да се залепи на ноктот.

Исто така е важно да се избегнува контакт со вода непосредно пред нанесувањето на лакот. Имено, под влијание на водата, ноктите малку се шират бидејќи апсорбираат вода дури и побрзо од кожата, објавува Byrdie. По некое време, тие се собираат и се враќаат во првобитната состојба. Ова ширење и контракција е она што може да предизвика пукање на лакот за нокти ако се нанесе откако ноктите ќе впијат вода.

Пред да нанесете лак за нокти, потребно е лесно да се струга површината на ноктите. Нерамната површина на ноктот, што често се јавува поради лупење на ноктите, може да предизвика предвремено пукање на лакот. Покрај тоа, стругањето ги отстранува и вишокот природни масла од ноктите.

Не се препорачува употреба на лак за нокти кој е стар повеќе од една година, бидејќи тогаш почнува да ја менува својата структура. Контактот со воздух го згуснува, што предизвикува формирање на мали грутки за време на нанесувањето, што на крајот може да доведе до пукање на лакот за нокти. Исто така, не е добра идеја да се протресе шишето со лак за нокти пред употреба, бидејќи создава воздушни меурчиња.

Иако изгледа како неважен чекор, основниот слој е, како што сугерира и неговото име, основа на маникир. Основниот слој спречува дамки на ноктите, ги зајакнува и ја измазнува нивната површина. Овозможува подобро лепење на слоевите лак за нокти што се нанесуваат врз него.

Овие слоеви лак за нокти треба да бидат тенки. Byrdie наведува дека колку се потенки слоевите и колку е подолго времето на сушење помеѓу нив, толку подолго ќе трае лакот. Се препорачува да се почека пет до десет минути помеѓу слоевите.

При нанесување лак, не заборавајте да го нанесете ла и на врвот на ноктот со четка. Врвот на ноктот е особено важен бидејќи тука лакот најчесто почнува да пука. По лакот, следува последниот слој, или горниот слој.

Препорачливо е да се користи иста марка лак и завршен слој бидејќи нивните формули се дизајнирани да работат најдобро заедно. При нанесување на горниот слој, многу е важно да се нанесе исклучиво на ноктот бидејќи ако дојде во контакт со кожата или кутикулата, лакот може да се подигне и да почне да пука. Ако се случи тоа, вишокот треба да се отстрани, на пример со памук и ацетон.

Почекајте околу 45 минути ноктите целосно да се исушат. Последниот слој може да се нанесува секојдневно за да трае маникирот подолго, објавува Glamour. Исто така, се препорачува редовна употреба на серум за кутикули.

Секако, лакот за нокти ќе трае подолго ако избегнуваме контакт со вода, но тоа е речиси невозможно, а ракавиците можат да помогнат за време на одредени домашни работи.

Текстот Сите го прескокнуваме првиот чекор: Како да го направиме лакот за нокти да трае што е можно подолго? е превземен од МАКФАКС.