Софија Вергара успеа да го привлече вниманието на јавноста со своите бујни облини и длабоко деколте. Овој пат, таа имаше добра причина за тоа.

Софија Вергара неодамна го посети својот роден град, Баранкиља, за да присуствува на еден историски момент. Актерката беше прогласена за почесен граѓанин, а во нејзина чест, локалните власти и жителите открија монументална статуа.

Делото е високо околу седум метри и тежи шест тони; локалниот скулптор, Џино Маркез, одлучи во својата креација да ги истакне нејзините облини.

За оваа пригода, Софија се одлучи за проверен моден избор во кој несомнено блесна: темно сина тоалета во стил на корсет, која тесно ја следеше линијата на нејзиното тело и ги нагласуваше облините.

Деталите од тантела внесоа доза на сексапил во нејзиниот гламурозен изглед, додека длабокото деколте – централниот елемент на дизајнот – го насочи вниманието кон нејзините гради, не оставајќи никого рамнодушен.

Таа го заокружи изгледот со брановидна коса и шминка во неутрални тонови, што на нејзиниот изглед му даде нота на „нежен гламур“. Уште еднаш, таа остави многумина без здив.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.