Мелаија Трамп ја пречека официјалната елка во Белата куќа, означувајќи го почетокот на празничните подготовки. За оваа традиционална пригода, таа избра софистицирана црвено-бела комбинација, чиј главен белег беше впечатлив долг кариран капут потпишан од уругвајската дизајнерка Габриела Херст.
Интересно е што ова не е ново парче во гардеробата на американската прва дама. Според Hello! Magazi e, Меланија го носеше истиот капут уште во декември 2019 година, на церемонијата на палење на светилките на Националната елка во Вашингтон.
Низ годините, Меланија Трамп покажа дека вешто комбинира минималистички, монохроматски комбинации со парчиња од светли бои и впечатливи дезени во нејзиниот гардеробер. Таа сака да си игра со контрасти на бои, волуменозни кроеви и модни додатоци со скулпторски форми.
Овој пат, таа посегна по еден од најпрепознатливите модели на класична облека – шемата со каро на Принцот од Велс, позната и како каро на Глен.
Станува збор за модел на палто од Касат, структуриран крој што ја следи линијата на телото и малку се шири кон дното, создавајќи елегантна силуета во А-линија. Палтото е украсено со двојно закопчани копчиња прекриени со истата ткаенина и соодветен ремен што дополнително го нагласува струкот. Меланија го носеше закопчано како фустан.
Експертот за протоколи Анита Руиз оцени за списанието HOLA! дека модниот избор на првата дама целосно одговара на важноста на пригодата.
Традицијата на избор на тема за официјалната елка на Белата куќа ја воведе Џеки Кенеди во 1961 година, а таа инспирација за својата прва тематска елка ја најде во балетот „Оревокршачката“. Од 1966 година, Американското национално здружение на одгледувачи на божиќни елки организира и натпревар за избор на одгледувачот чија елка ќе ја украси Белата куќа.
Со изборот на црвена боја, Меланија се потсети на Џеки Кенеди, која исто така сакаше да ја носи таа боја на празнични настани.
Покрај тоа што е еден од најпрепознатливите симболи на Божиќ, црвената боја пренесува и впечаток на елеганција, авторитет и топлина.
„Мора да признаете: никој не оди во високи потпетици како Меланија Трамп“, истакна Руиз.
Класичните чевли со зашилен врв и тенка, висока потпетица со години имаат посебно место во гардеробата на американската прва дама. Безвременскиот модел што визуелно ги издолжува нејзините нозе, Меланија го комбинира со речиси сè, од елегантни костуми до вечерни фустани.
Иако експериментира со различни бои, материјали и текстури, таа останува верна на препознатливиот облик на чевлите. За оваа пригода, таа избра црвени салонки со дискретен дезен од змиска кожа, кои совршено се вклопија во нејзината празнична мода.


















