Светското првенство започна, а со него, покрај натпреварите, на теренот се и бројни познати убавици, како што е водителката Елеонора Инкардона.
Една од најубавите Италијанки, спортската водителка Елеонора Инкардона, покажа како изгледа на самиот почеток на Светското првенство, само неколку дена откако нејзините фотографии од „подготовката“ за овој настан ги преплавија социјалните мрежи.
Елеонора објави фотографија од стадионот, а воедно ја покажа и својата модна комбинација што ја избра за отворањето на Светското првенство.
Кратки тексас шорцеви и едноставна бела маица беа нејзин избор, па многумина се согласија дека со таква убавина, нема потреба да се „измислува“ поинаков стајлинг.
Италијанските новинарки долго време се главна тема на социјалните мрежи, особено кога во фокусот е толку важен настан, а многумина велат дека Елеонора е „подобра“ дури и од Дилета Леота.
„Секогаш изгледаш совршено“, „Се радувам на Светското првенство поради тебе“, „Прекрасна си“, „Имаш прекрасна насмевка“, беа само дел од реакциите под нејзината најнова објава.
Нема сомнение дека Елеонора ќе биде во центарот на вниманието во текот на целото Светско првенство, а којзнае какви комбинации има испланирано за претстојните денови од првенството.
Текстот (Фото/Видео) Најсексипилната водителка „убива“ со својот изглед, а Светското првенство штотуку започна: Велат дека е подобра од Дилета е превземен од МАКФАКС.












