Белгија наскоро ќе има нов национален селектор. Федерацијата го скуси изборот на Доменико Тедеско и на Питер Бош. Засега, Тедеско има поголеми шанси да го добие кормилото на „ѓаволите“. 37-годишниот стручњак последен пат беше на чело на Лајпциг, но клубот го отпушти во септември.

Тедеско негува офанзивен фудбал и затоа во моментот е најдобриот избор. Поранешниот тренер на Шалке 04 и Спартак Москва е поласкан од интересот за него и е подготвен да ја прифати понудата.

Белгија остана без селектор по Светското првенство во 2022 година и заминувањето на Роберто Мартинез. Неговиот наследник се очекува да биде именуван во текот на оваа недела./makfudbal/

Прикажи повеќе